• вторник, 24 декември 2024

Куќата од „Кога јагнињата ќе стивнат“ ќе стане тематски хотел

Куќата од „Кога јагнињата ќе стивнат“ ќе стане тематски хотел
Лос Анџелес, 5 февруари 2021 (МИА) - Куќата на серискиот убиец Џејми Гамб од „Кога јагнињата ќе стивнат“ (улогата е на Тед Ливајн), во која беа снимени повеќе сцени од петкратниот оскаровски филм, наскоро ќе стане хотел за ноќевање и можност за посета на познатата хорор-зандана. Куќата од 196 квадратни метри, којашто се наоѓа во Периополис, Пенсилванија, САД, задржа голем дел од ентериерот, кајшто се снимаше филмот од 1991 година. Куќата пред пет години чинеше 195.000 американски долари, а неодамна беше продадена за 290.000 долари, па сега е во сопственост на сценографот Крис Роуан, кој планира, за подоцна оваа година, да ја претвори во туристичка атракција со понуда - соби за изнајмување. Клиентите кои ќе престојуваат во куќата, ќе можат да го посетат местото каде што Џејми Гамб, наречен и „Бафало Бил“, ги држеше во заложништво жените жртви на киднапирање. Новиот сопственик сака и „да го пресоздаде“ ужасната дупка на Бафало Бил и да направи реплика. Бездната, всушност, не постои во куќата и сцените се снимани во филмско студио.  си/

Остани поврзан