• петок, 22 ноември 2024

Курти: Косово за прв забележа позитивен трговски биланс со Швајцарија

Курти: Косово за прв забележа позитивен трговски биланс со Швајцарија

 

Приштина, 21 ноември 2024 (МИА) – Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Косово и Швајцарија имаат силно, културно и политичко партнерство и нагласи дека за време на неговата влада Косово за прв пат забележало позитивен трговски биланс со таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на отворањето на годинешниот Швајцарско-косовски економски форум, Курти изјави дека е природно цврстата културна поврзаност меѓу двете држави секојдневно да се зајакнува и економски.

„Ние сме благословени со ова партнерство, поточно, со ова вистинско пријателство. Затоа ми е драго што овој Форум ни нуди можност да го продлабочиме партнерството, особено на полето на трговијата, инвестициите и технолошките иновации“, рече Курти.

Тој нагласи дека за Косово, Швајцарија е петта по големина извозна дестинација.

„Во 2022 година за прв пат забележавме позитивен трговски биланс со Швајцарија, со извоз на стоки во вредност од 64 милиони евра и увоз во вредност од 39 милиони евра“, информира Курти.

Косовскиот премиер порача дека неговата Влада е посветена на создавање деловно опкружување кое привлекува инвестиции и промовира одржлив раст.

„Заедно да го отвориме патот за посилно и попросперитетно партнерство меѓу Косово и Швајцарија“, порача Курти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан