Зеленски: Курск е многу силен адут во какви било преговори
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата Курск како опиплива предност во дипломатските напори на Киев, особено меѓу земјите од глобалниот југ, објави Укринформ.
Киев, 3 јануари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата Курск како опиплива предност во дипломатските напори на Киев, особено меѓу земјите од глобалниот југ, објави Укринформ.
„Курск е многу силен адут во какви било преговори, особено со земјите кои се важни за нас, особено оние од глобалниот југ. Никогаш не очекував дека (операцијата) ќе даде толку значаен ефект, бидејќи тие земји сметаа дека Русија е непобедлива. “, рече Зеленски во интервју за телевизиската програма „Обединети новини“, на кое присуствуваше и неговата сопруга Олена.
Украинскиот лидер додаде дека одлуката на Русија да испрати севернокорејски војници во регионот Курск е тактичка грешка.
„Тие (Русите) го зедоа севернокорејскиот контингент. И каде го испратија? Повторно таму (во регионот Курск). Според мене, со тоа тие направија тактичка грешка“, рече тој.
Зеленски додаде дека прашањето за неговата кандидатура за втор мандат во моментов „не е на дневен ред“. рп/
Фото: МИА архива