• сабота, 27 јули 2024

Кумановци утре за брза помош да се јават на 075/ 239 - 216 и 075/ 239 - 217

Кумановци утре за брза помош да се јават на 075/ 239 - 216 и 075/ 239 - 217

Куманово, 18 мај 2023 (МИА) - Кумановци кои имаат потреба од итна помош утре да ги користат телефонските броеви 075/ 239- 216 075/ 239 -217, наместо префиксот 194, соопштија денеска од Јавната здравствена установа Здравствен дом, од каде информираат дека се известени од ЕВН за прекин на електричната енергоја во централното градско подрачје.

- Според известувањето доставено до нас од страна на ЕВН известени сме дека на 19.05.2023 (петок) со почеток од 08:30 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во центарот на градот од причина што ќе има работни активности од нивна страна. Повикот кон брза помош ќе биде на: 075 239 216 075 239 217, соопштија ЈЗУ Здравствен дом. ам/дма/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан