• вторник, 24 декември 2024

Кумановци и жителите на североистокот лани поднеле 120 претставки до подрачната канцеларија на Народниот правобранител

Кумановци и жителите на североистокот лани поднеле 120 претставки до подрачната канцеларија на Народниот правобранител

Куманово, 4 јануари 2024 (МИА) - Кумановци и граѓаните од општините од североистокот, лани поднеле 120 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, информираа денеска од канцеларијата. Бројот на поднесените претставки е на ниво од претходните години.

Најголем број од претставките се од областа правосудство-извршители, урбанизам за легализација, потрошувачки права и за состојбите во затворот во Куманово, најмногу за услови и поволности. Најголем дел од поднесените претставки над 90 отсто ги поднеле кумановци, следуваат жителите на Липково и Крива Паланка, а помал процент,  жителите на останатите помали општини Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце.

- Во 2023 година како подрачна канцеларија имаме поднесено една претставка по сопствена иницијатива за случајот со починатото бездомно лице од Куманово. Сè уште чекаме на обдукцискиот наод и случајот се префрлува за оваа година, изјави државниот советник од подрачната канцеларија на Народниот правобранител Куманово, Гордана Тренчевска Ристовска.

Двајца кумановци поднеле претставки за урбанизам, лице од Кратово поднел претставка за чување животни во градска средина. Лани немало ниту една претставка за аерозагадувањето во Куманово.

-Би сакала да напомнам дека поголемиот број граѓани кои ја посетуваат нашата канцеларија, не поднесуваат писмена претставка од причина што бараат само устен правен совет од Народниот правобранител. Не поднесуваат претставки, туку бараат совет како да постапат., дел бараат помош за случаи за кои Народниот правобранител кој согласно законот, не е надлежен да постапува или во дадениот момент сè уште не се исполнети законски предвидените услови за покренување на постапка од нашата институција, вели Тренчевска Ристовска.
Подрачната канцеларија во Куманово е сместена во поштата. ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан