• недела, 28 јули 2024

Кумановскиот музеј го промовираше „Музјески водич“ наменет за ученици по повод Меѓународниот ден на музеите

Кумановскиот музеј го промовираше „Музјески водич“ наменет за ученици по повод Меѓународниот ден на музеите
Куманово, 18 мај 2021 (МИА) - Кумановскиот музеј симболично го одбележа Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, соопштија денеска надлежните. Музејските работници го промовираа „Музејскиот водич“, наменет за ученици од основни училишта. Водичот опфаќа педесетина страници во кои е опишана музејската поставка и преку фотографии, илустрации, текстови опфатени се археолошкиот, историскиот и етнолошкиот дел. -Внатре во водичот има слики, скици и илустрации од постојаната музејска поставка заедно со движното и недвижното културно наследство. Ова е проект поддржан од НУ Музеј Куманово, а финансиран од Министерството за култура , изјави Мери Николиќ, од НУ Музеј Куманово. Од националната установа информираат дека годинава по повод Меѓународниот ден на музеите, музејската организација ИКОМ додели награди на вработени во Музеј Куманово за музејски работници на годината. За музејски работник на годината за 2019-та година е Гоце Божурски, музејски работник на годината за 2020 е Славица Крстиќ, историчари на уметност, вработени во НУ Музеј Куманово, додека пак вработениот историчар Марија Живачки заедно со нејзиниот проект „Куќата на Христијан Тодоровски Карпош“ добија награда -Музеј на годината.ам /свс/

Остани поврзан