• четврток, 25 јули 2024

Кумановската полиција го расчистува случајот со тепачката на улица „Маршал Тито“

Кумановската полиција го расчистува случајот со тепачката на улица „Маршал Тито“

Куманово, 20 ноември 2023 (МИА) - Кумановската полиција го расчистува случајот во кој две лица се нападнати на улицата „Маршал Тито“. Видеото од нападот се прошири синоќа на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

Триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.

- На 20.11.2023 во 00.15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул. „Маршал Тито“, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан