• вторник, 26 ноември 2024

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Куманово, 26 јануари 2024 (МИА) - Уште една пријава за измама при купување огревни дрва евидентира полицијата. Денеска во 12: 50 часот во СВР Куманово, 64-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари.

- Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле таа му ги дала парите, по што заминал и не се вратил, по што сфатила дека е измамена. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

На 5 јануари годинава беше регистрирана измама кога повозрасен кумановец пријавил дека бил измамен за 3.000 денари.

Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 пријави за измами со огревни дрва. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.

- Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат од СВР Куманово. ам/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан