• сабота, 24 август 2024

Кузеска: Изгоре 5 отсто од територијата на Македонија, итна оставка од Тошковски за потфрлањето со пожарите

Кузеска: Изгоре 5 отсто од територијата на Македонија, итна оставка од Тошковски за потфрлањето со пожарите

Скопје, 15 август 2024

Тажно е да се гледа катастрофата што се случува со пожарите кои беснеат повеќе од еден месец. Опустошени се 5% од вкупната територија на Македонија! Горат македонските шуми и национални паркови. Досега се изгорени над 1.200 километри квадратни шума. Тоа е 16 пати повеќе во споредба со лани!


Во Македонски Брод, во околината на селата Брезница и Тажево над 25 дена гори боровата шума на над 5000 хектари. Пожарот се шири кон Јасен а опожарената област е долга над 11 километри.


Изгоре и Галичица. Пожарот веќе 10 дена беснее и се префрли на охридската страна на планината. Се уште има активни над 12 пожари според официјалните информации. 


Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пофтли целосно во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност. СДСМ неколку пати апелира дека Тошковски е целосно неспособен да управува со Кризниот штаб и тој мора да поднесе оставка. СДСМ неколку пати апелира Мицкоски сериозно да се насочи кон управување а не ПР, но тој одбива. Бараме итна и неотповиклива оставка на Тошковски и целосна консолидација и фокус на сите институции кон кризата. Бараме конечно одговорност од сите инволвирани!


СДСМ во целиот изминат период, конструктивно и одговорно, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата оставајќи ги институциите да работат. Но, состојбата со која се соочуваме е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно и ноншалантно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.


Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите. Наместо тоа, тие се бават со дневно политички ПР и лажни промоции со цел да ја дефокусираат јавноста. Страшно, жално и крајно незрело е однесувањето на Владата кон целата состојба.


Според нашите инфомрации, лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски. Понатаму, Тошковски потфрла и во превенцијата и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.


СДСМ уште еднаш бара Мицкоски да го стави интересот на граѓаните на прво место и Тошковски веднаш да биде сменет. Ова што се случува е недозволиво! Мора побрзо да се делува и да се зголеми ефикасноста на институциите.

Одговор на новинарско прашање

  
Преку дилот со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го издигна балансерот на повисоко ниво, на ниво на Собранието

Истата ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието.

Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ.

Тоа е доказ дека коалицијата со ДУИ им функционира и дека се склучуваат политички дилови под маса. А се гледа и дека ЗНАМ се само неми посматрачи и целосно се маргинализирани во Владата.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан