Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори
- СООПШТЕНИЕ -Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија.
Скопје, 13 јули 2025
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен.
Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија. Тендерот очигледно е уште еден механизам за Владата да си избере „своја“ маркетинг агенција преку која ќе се одвива и финансира претстојната изборна кампања.
Дали затоа уште сега, две години пред настанот во Белград, се избира агенција и се потпишува договор? Дали затоа се брза со оваа набавка и се трошат милиони на граѓаните, кога приоритети во државата има многу, а пари за нив нема?
Дали ова е уште една шема на ВМРО-ДПМНЕ за со јавни пари да си обезбеди медиумски простор, билборди, реклами и инфраструктура за изборната кампања во октомври?
Ова е уште еден доказ дека власта ја гледа државната каса како партиска своина, а јавните набавки како начин да си ги плати своите политички потреби.
Ги прашуваме јавно:
– Зошто две години пред настанот се бира агенција и се потпишува договор?
– Колку пари ќе завршат за вистински промоционални активности за настанот, колку во џебовите на ВМРО-ДПМНЕ, колку ќе се потрошат за изборната кампања во октомври?
Уште утре ќе излеземе со целосна анализа на тендерската документација и ќе ги изложиме сите сомнителни услови со кои е наместен овој тендер за „своја“ агенција.
Почитувани граѓани,
Ова е уште еден пример за ароганцијата и безобразието на оваа власт – додека граѓаните едвај преживувате, тие веќе се подготвуваат со народните пари да си ја финансираат својата кампања. За секој денар потрошен за оваа срамна манипулација ќе бараме одговорност.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди
Ова што се случи во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во Македонија е целосно излезена од контрола. За конректниот случај ќе ги почекаме официјалните информации пред да коментираме бидејќи не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е факт е следно:
Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, по маала, во свои домови. Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината. Едноставно џабе лаже дека „безбедноста е подобрена“, кога граѓаните се оставени сами на себе со чувство на страв и немоќ.
Сведоци сме на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои ја погодија Македонија во изминатата година. Преку 25 убиства и обиди за убиства, оружје на секој чекор, нарко-кланови кои слободно оперираат, а полицијата наместо да ги спречи ги штити.
Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува.
Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет“, а Македонија секојдневно е потресена од убиства.
Пораката што ја добиваат граѓаните денес е дека животот им вреди помалку од амбициите на власта. Тоа е страшна порака.
Затоа, повторуваме: Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка. Не од морални причини, туку затоа што е неспособен да ја гарантира најосновната должност на државата, безбедноста на своите граѓани.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Кузеска: За неспособност за справување со пожарите, ВМРО-ДПМНЕ морбидно ја обвинува СДСМ
Секогаш кога се бара одговорност за лошото справување со пожарите, секогаш кога се упатува критика за неспособноста на Владата, ВМРО-ДПМНЕ наоѓа начин да ја обвини СДСМ.
Овој пат отидоа чекор подалеку и тврдат дека СДСМ ги подметнува пожарите. Апсурд кој не се памети! Ако навистина веруваат во такво нешто, тогаш дали и во општините каде градоначалници се од СДСМ – каде пожарите беснеат – пожарите се подметнати од блиски на ВМРО-ДПМНЕ?
Со вакви нелогични и навредливи тврдења ВМРО-ДПМНЕ покажува двојна неспособност – прво затоа што не успева да се справи со пожарите и штетите, и второ затоа што нивните безбедносни служби, ако навистина веруваат во подметнување, не откриле ништо навремено.
Ова е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ: кога не знаат како да се справат со криза, кога не знаат како да управуваат со системот, кога не знаат како да ги намалат штетите, секогаш обвинуваат некој друг – во овој случај СДСМ.
Ја потсетуваме јавноста дека СДСМ постапуваше одговорно и конструктивно – во Собранието ги повлековме сите амандмани и поднесовме само два: едниот за трагедијата во Кочани, другиот за подобрување на системот за справување со пожарите. Тоа се предлози кои можат да помогнат веднаш.
Еве им шанса на ВМРО-ДПМНЕ да покажат зрелост и да ги прифатат. Наместо да измислуваат непријатели и да бегаат од одговорност, време е конечно да признаат дека СДСМ е конструктивна опозиција и дека секогаш постапува во интерес на државата и на граѓаните.
Линк до видео: https://youtu.be/ZOTp28e4OGk
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста - СДСМ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: СДСМ