• среда, 27 ноември 2024

Кривични пријави против две лица за „напад врз службено лице"

Кривични пријави против две лица за „напад врз службено лице

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на  Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера поднеле кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ член 383 од Кривичниот законик.

Како што денеска информираа од МВР, лицата се изведени пред судија на претходна постапка.

- Имено, на 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир,  Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства. По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, појаснуваат од МВР. цр/

Фото:МИА архива

Остани поврзан