• петок, 06 септември 2024

Кривични пријави за двајца крадци, расчистени три кривични дела

Кривични пријави за двајца крадци, расчистени три кривични дела

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Единиците за внатрешни работи Центар, Бит Пазар, Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднеле кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин.

Како што денеска информираа од МВР, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што,  исто така, со употреба на сила од 61 - годишна жена одзеле личен накит.

- Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, соопштија од МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан