• сабота, 27 јули 2024

Кривична против 22-годишен пробиштипјанец за закани кон вработен во МВР и неговото семејство

Кривична против 22-годишен пробиштипјанец за закани кон вработен во МВР и неговото семејство

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.М., на возраст од 22 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, кој бил од Пробиштип, преку социјална мрежа испраќал заканувачки пораки на вработен во МВР и на неговото семејство. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан