• вторник, 24 декември 2024

Кривична пријава за жител на Росоман, осомничен за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

Кривична пријава за жител на Росоман, осомничен за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

Кавадарци, 25 април 2024 (МИА) - ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа попладнево од СВР Велес. 

- На втори јуни 2023 година, со наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом. Притоа биле пронајдени и одземени воздушна пушка со оптички нишан,  пет патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар. При претрес на неговото патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени осум патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола, појаснија од СВР Велес. свд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан