Крводарителска акција на припадниците на Единицата за брзо распоредување
- Припадниците на Единицата за брзо распоредување во кругот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од Општина Карпош и Инст

Скопје, 20 август 2021 (МИА) - Припадниците на Единицата за брзо распоредување во кругот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Во крводарителската акција, организирана во пресрет на претстојниот јубилеј, 20-години од формирањето на Единицата, соопштија денеска од МВР, учествуваа 35 припадници на Единицата за брзо распоредување. цр/са/

