• недела, 21 јули 2024

„Краудстрајк“ има речиси 24.000 клиенти

„Краудстрајк“ има речиси 24.000 клиенти

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) – Американска фирма за кибербезбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike) која е одговорна за глобалните проблеми со оперативниот систем „Виндоус“ на „Мајкрософт“, има речиси 24.000 клиенти, што покажува дека решавањето на проблемите ќе биде напорно и сложено.

Секој од тие клиенти е огромна организација сама по себе, па затоа е тешко да се процени бројот на засегнати поединечни компјутери.

Според експертите, поправката ќе треба да се направи на секој компјутер посебно, што ќе предизвика голема работа за ИТ одделите ширум светот. ми/

фото: лого

Остани поврзан