Коњановски: Криминал во РЕК Битола, место стотици милиони да се вложуваат во рудниците и термо блоковите се вложувале во поединечни џебови
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 15 декември 2024
Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата како и нивните последици, свој осврт даде и директорот на ЕСМ Зоран Коњановски.
Според Коњановски ова е многу значајна тема пред сè за Комбинатот РЕК Битола, а потоа и за енергетскиот сектор воопшто и за социоекономските случувања во државата.
„Безмилосно се однесувале кон РЕК Битола, кон енергетскиот сектор и тоа придонесе до една многу, многу лоша ситуација која за жал секојдневно ја чувствуваме и ја гледаме. Она што било пропуштено да се направи во претходните пет, шест, седум години, она што било уништено во претходните пет, шест, седум години во однос на лукративните тендери, во однос на дивеењето на раководството на РЕК Битола заедно со одредени надворешни компании, придонесува денес да имаме нестабилен енергетски систем“, јасно посочува Коњановски.
Во контекст на последниот скандал поврзан со компанија „Браинкоде“, при што истата од компанија која се занимавала со трговија на канцелариски материјали станува практично фирма за увоз на хемиски производи на големо и добила три тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија во вредност од 6,5 милиони евра и тоа на двата од нив се јавува како единствен понудувач, Коњановски вели дека за жал ова не е единствена фирма која наменски е формирана само неколку месеци пред објавување на некоја тендерска постапка.
„Ваков адитив не е донесен само во РЕК Битола, туку е донесен и во РЕК Осломеј, а таму воопшто не е искористен и ова е една класична мафијашка постапка, како заради некои причини кои можеби и свесно се направени во комбинатот се добила идеја да се набави ваков адитив. Втор дел од оваа приказна е што само една фирма се одважила да се јави на тендерот, тоа е јавна тајна дека не е така, туку се правеле притисоци врз останатите фирми или да се откажат или се одело на електронска аукција каде што повторно со притисоци се обесхрабрувале другите фирми да ги намалуваат цените“, појаснува Коњановски.
Според него ова е еден епски криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДС, па наместо стотици милиони да се вложуваат во рудниците и термо-блоковите се вложувале во поединечни џебови.
Лозановска: Минатата власт ветуваше чист воздух, а видовме само коруптивни зделки за увоз на нискокалоричен јаглен и мазут кој го загадува воздухот, а пишани како високо калоричен
Загадувањето на воздухот како проблем го имаме и ние и многу држави во Европа и во светот. Овие, шарениве револуционери коишто се бореа за чист воздух, а и зелената трансформирана партија ДУИ и ни ветуваа живот за сите, и кога дојдоа на власт наместо да станат компетитивни со државите со коишто успеале да се изборат со овој проблем, да речеме како што е Република Словенија, каде што концентрацијата на ПМ честички и ако малку се покачи, но не над дозволеното одма се реагира, тие станаа компетитивни со државите каде што криминалот и корупцијата цветаат. И така ја доведоа Република Македонија на 111 место по корупција и криминал, вели Олга Лозановска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Криминалите во РЕК Битола и нивните последици“, во однос на користењето на ниско калоричниот јаглен кој се користи во македонскиот енергетски сектор и набавката на адитиви за јаглен, и дека токму изговорот за борба со загадувањето минатата власт го користеше за испумпување на милиони.
Во однос на тоа како криминалот и корупцијата, посебно во енергетскиот сектор, влијае врз животната средина и здравјето на граѓаните, Лозановска истакна дека минатата власт пред да го преземе раководството со државата ветуваа чист воздух, дека на РЕК Битола, како најголем гигант во енергетиката, ќе му го продолжат векот и дека со имплементација на екостандарди, како што се десулфуризација и промена на електростатските филтри, ќе го подобрат квалитетот на воздухот и животната средина.
„За жал, од сето тоа ништо не видовме. Напротив, не видовме ни десулфуризација да се направи, ни промена на електростатските филтри, ниту видовме еден проект за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Спротивно на тоа, видовме само увоз на јаглен и тоа, според мои информации, нискокалоричен, а пишуван како да е високо калоричен увоз на токсичен мазут којшто го користеа за согорување во котлите на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и увоз на такви адитиви. Се преку коруптивни зделки, за профит и за свои лични интереси“, рече Лозановска.
Лозаноска посочи дека многу често се запрашува која е цената што ја плаќа државата, односно граѓани, заради уништувањето на блоковите во РЕК Битола и заради честите дефекти на блоковите и која е цената којашто ја плаќаат граѓаните со своето здравје заради загадениот воздух којшто го дишеме заради тие ненавремени мерки коишто требаше да бидат преземени.
„Кога доаѓаа на власт и кога ветуваа живот за сите, треба да кажат дека животот ќе дојди за поединци од кај нив. И кога ветуваа дека парите ќе ги носат до граѓаните, требаше да кажат дека парите ќе одат кај поединци од Битола, преку Струмица во Дубаи, каде што сега се шпекулира дека ќе се сместат и си ги сместиле своите бизниси. Навистина, воздухот сите ние го дишеме, истата вода ја пиеме и истата храна ја консумираме“, посочи Лозановска.
Ангелевска: Криминалните шеми на СДС и ДУИ беа цунами во областа на енергетиката
На денешната трибина “Криминалите во РЕК Битола и нивните последици” свое обраќање имаше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска , која зборуваше за тема што ги засега сите граѓани, тема којашто е една од по чувствителните и по контроверзните а тоа се криминалите во РЕК Битола, кои испливале на површина поради криминалното и корупциското владеење на СДС во енергетскиот сектор, а за кои е сведок и македонската јавност.
„Зошто дошло до тоа прво и основно нестручно несовесно работење менаџирање и буквално јас многу често на говорница во собрание кажував оваа влада на СДС и ДУИ беше цунами во енергетиката вакво безмилосно раководење незнаење ,некогаш дури се прашував дали тоа го прават од незнаење или го прават и намерно ,а можеби има и намера“, изјави Ангелевска.
Пратеничката даде свое видување за производствената струја и како таа влијае врз целокупната економија во државата со оглед на несовесното владеење на СДС и ДУИ додека биле на власт и целиот хаос којшто го оставиле со нивните криминални шеми.
„Така да сето тоа влијаело на производната цена, еден куп вработени коишто беа околу 1000 ми се чини нека ме поправи, стручни луѓе кои години работеа во комбинатот беа деградирани префрлани на пониски места беа носени нови кадри кои не соодвестуваа според потребите на работното место“, рече Ангелевска.
Исто така таа се осврна и на коруптивните скандали кои ги направиле СДС и ДУИ додека биле на власт и направи компарација за тоа во каква состојба е наследен ЕСМ а во каква состојба е доведен, односно дека нивните “експертски вештини“ го ставиле само во долгови и загуба.
„Двете фирми што се пријавија на јавниот тендер, едната беше формирана два дена пред јавниот повик, другата во текот на јавниот повик ,фирми на кои не им се знае ни седиште ни адреса ни телефон ,фирми оформени за да се испумпуваат пари од АД ЕСМ. Сега да споменеме како го презедоа пред 7 години, го презедоа претпријатието со над 20 милиони евра добивка, и многу важно да се каже платени сите средства кон добавувачите, значи нула обврски и успеаја да го доведат до 80 милиони евра загуба“, вели Ангелевска.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: ВМРО-ДПМНЕ