• понеделник, 23 декември 2024

Коњановски: Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности

Коњановски: Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности

Битола, 7 јануари 2024 (МИА) - Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности, да создаваме добри дела кои со добрина ќе нѝ го исполнат животот, истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, честитајќи го големиот христијански празник Божик.

-Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Новото утро нека нѐ исполни со радост, добро здравје и убави желби. Да се радуваме на веста која нѝ ја носи светлината, љубовта, милосрдието. Градењето позитивни промени, нека биде на добробит на сите нас, во текот на целата година, истакна градоначалникот Коњановски кој утрово присуствуваше на Божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. мт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан