• среда, 20 ноември 2024

Кој би можел да ја замени Фон дер Лајен: Драги, Мецола, Лагард, Јоханис, Пленковиќ, Бретон... 

Кој би можел да ја замени Фон дер Лајен: Драги, Мецола, Лагард, Јоханис, Пленковиќ, Бретон... 

Брисел, 28 април 2024 (МИА) – Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и натаму е речиси сигурен кандидат за реизбор на функцијата. Во нејзин прилог оди тоа што таа е официјален „шпиценкандидат“ на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) на претстојните избори за членови на Европскиот парламент, што во превод значи дека таа е кандидат на оваа група на демохристијански и умерени конзервативни партии за прв човек на Европската комисија. 

Дополнителен ветер во грбот на Фон дер Лајен даваат анкетите на јавното мислење кои укажуваат дека ЕПП ќе освои најмногу европратенички мандати, а по традиција најмоќната партиска група во Европарламентот, го номинира кандидатот за претседател на Европската комисија. 

Но, политички кругови во Брисел, пред се оние кои имаат критики за работата на Фон дер Лајен, потсетуваат на случајот при нејзиниот избор во 2019 година. Имено, на тогашните избори „шпиценкандидат“ на ЕПП беше актуелниот претседател на партијата Манфред Вебер, кој доаѓа од редовите на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ). Но, по изборите дел од членовите на Европскиот совет не се согласија со номинацијата на Вебер, сметајќи го за „премногу конзервативен“, и така Фон дер Лајен, чија матична партија е германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), дојде на сегашната функција како „втор избор“ на ЕПП. 

Од таму, „Политико“ состави листа на можни кандидати што би ја „замениле“ Фон дер Лајен, доколку се повтори сценариото од 2019 година и некои од актуелните шефови на држави или влади на членките на ЕУ решат „да стават вето“ на нејзиниот реизбор.     

Како прв можен кандидат за нов претседател на Еврокомисијата, изданието го посочува поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), 76-годишниот Марио Драги. 

„Владата мора да продолжи“ со работа, се тврди во петицијата, а меѓу потпишаните се и градоначалниците на Фиренца, Рим, Венеција

Во прилог на Драги оди тоа што тој важи за човек способен за постигнување компромиси, имајќи пред вид дека раководеше со владина коалиција составена од десничари, популисти, социјалдемократи, конзервативци, демохристијани, центристи, либерали и зелени. Идејата за враќање на Драги на европската политичка сцена не е нова, но тој досега се споменуваше како кандидат за претседател на Советот на ЕУ, односно за наследник на Шарл Мишел.  

Во негов прилог оди тоа што тој доби задолжение од Европската комисија да изработи план за зајакнување на конкурентноста на европската економија, што треба да го презентира по евроизборите, кога ќе почнат и преговорите за новите носители на највисоките функции во ЕУ. Дополнително, како предност на Драги се посочува и тоа што тој важи за близок до францускиот претседател Емануел Макрон. 

Она што би можело да му донесе негативни поени на Драги е тоа што тој не е член на ниту една политичка партија, па тешко е да се претпостави дека водечките партиски групи, пред се ЕПП, би се согласиле моќната функција на претседател на Европската комисија да ја преземе кандидат на чија политичка лојалност не би можело целосно да се смета. 

Шансите на Драги за нов претседател на ЕК, „Политико“ ги оценува со „два од пет“. 

Како втор потенцијал кандидат за оваа функција се посочува актуелната претседателка на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Вршејќи ја оваа должност, Мецола се докажа како некој кој успева да остане над политичките расправии, а покажа и лидерство во надворешната политика, особено со тоа што беше прв лидер од ЕУ што го посети Киев по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. 

Во прилог на Мецола би можело да оди и тоа што таа е од Малта, па евентуалниот нејзин избор би значело дека блокот земји од јужна Европа би добиле една од водечките функции во ЕУ. Мецола на социјалните мрежи зачестено објавува фотографии на кои е во друштво со лидери на членки на ЕУ, како неодамнешните со премиерите на Грција и Полска, Киријакос Мицотакис и Доналд Туск, што може да се толкува како обид да покаже дека има поддршка од носителите на високи функции во Унијата. 

Политичката припадност, што се смета за „слабост“ на Драги, оди во прилог на Мецола која доаѓа од малтешката Национална партија, членка на ЕПП. На овој начин, ЕПП би го дала кандидатот за претседател на ЕК, со што би се задоволиле амбициите на групата. 

Но, пречка за Мецола би можело да биде тоа што доаѓа од најмалата земја во ЕУ и по население и по површина, како и фактот што освен сегашното, нема други искуства со раководни позиции, вклучително ниту во родната Малта.  

Сепак, „Политико“ на Мецола и дава исти шанси за функцијата претседател на ЕК, како и на Драги со „два од пет“. 

Трет можен кандидат за раководител на извршното тело на ЕУ е претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) и поранешна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Таа би била многу сериозен кандидат за функцијата доколку Макрон инсистира на тоа место да се најде „француски кадар“. Во нејзин прилог оди и искуството како министер во неколку конзервативни влади на Франција, а фактот што пред да замине на должноста во ММФ, беше член на сега веќе непостоечката Унија на народното движење (УМП), која беше дел од ЕПП, би можело да ја промовирана како кадар на Европската народна партија. 

Економијата во еврозоната во 2020 година ги достигна своите највисоки нивоа од светската финансиска криза во 2008 година, изјави директорката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

Но, како недостатоци и се посочуваат тоа што Лагард не е многу популарна меѓу вработените во ЕЦБ, а нема ниту навестувања дека таа би била подготвена да ја напушти сегашната функција чиј мандат истекува на крајот на октомври 2027 година, ниту дека Париз сериозно размислува за нејзина номинација. 

Оттаму, нејзините шанси да стане претседателка на ЕК се проценети на „еден од пет“. 

Во игра за функцијата се споменува и романскиот претседател Клаус Јоханис. Тој важи за „миленик“ на европските лидери, пред се на оние од конзервативните кругови, но позитивен став кон него имаат и либералот Макрон и германскиот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, поради неговите прозападни и проевропски политики и јасното опстојување во проукраинскиот камп по руската инвазија врз Украина. Со своите ставови тој изгради репутација на „проевропски тимски играч“, што секако оди во негов прилог, а дополнителен „ветер во неговиот грб“ може да претставува идејата дека „можеби е дојдено време источноевропеец да ја води ЕУ“. 

Во прилог може да му оди и неговото германско етничко потекло, како и припадноста на романската Национална либерална партија (ПНЛ), која е дел од семејството на ЕПП. Дури и самата одлука на ЕПП да го одржи својот последен Конгрес во Букурешт се врзува со влијанието на Јоханис во партијата.   

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Но, како „минус“ на неговата кандидатура се посочува амбицијата на Јоханис и за функцијата генерален секретар на НАТО, позиција на која според многумина речиси сигурно ќе се најаде актуелниот холандски премиер Марк Руте, чија номинација наиде на широка поддршка меѓу лидерите на земјите членки на Алијансата. Токму, со обидот „да му го украде лидерското место“ на Руте во НАТО, според дипломатски извори, Јоханис „изнервирал некои западноевропски лидери“. Актуелниот претседателски мандат на Јоханис истекува во декември годинава, па амбициите за раководните места во ЕУ и НАТО се толкуваат како негов обид по секоја цена да си „најде работа во странство“. 

Сепак, „Политико“ шансите на Јоханис за месото прв човек на ЕК ги проценува на „три од пет“. 

Ист „коефициент“ му се дава на уште еден „источноевропеец“, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој со неговата Хрватска демократска заедница (ХДЗ), исто така, е член на ЕПП. Изборот на Пленковиќ на чело на ЕК би се протолкувал и како позитивен сигнал до земјите кандидати за членство во ЕУ, пред се оние од регионот на Западниот Балкан. Во прилог на неговата можна кандидатура оди најавата дека Пленковиќ ќе ја предводи кандидатската листа на ХДЗ на европските избори, што е протолкувано како негова амбиција да ја напушти домашната политичка сцена и да премине на некоја европска функција. Тој има развиено добра мрежа на односи со останатите европски лидери имајќи предвид дека на премиерската функција се наоѓа од 2016 година. 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива

Пленковиќ ги отфрли гласините дека би можел да ја замени Фон дер Лајен, што, според „Политико“, може да се смета како показател дека тој е заинтересиран за таа функција. 

Последен на листата „можни наследници“ на Фон дер Лајен, според бриселскиот портал, е актуелниот еврокомесар за внатрешен пазар Тјери Бретон. Бретон, како и Фон дер Лајен, во 2019 година беше „втор пик“ за член на Европската комисија, откако првиот избор за француски еврокомесар, тогашната вицегувернерка на Банката на Франција и поранешна министерка за одбрана Силви Гулар „не помина“ во Европскиот парламент. Бретон би бил добар избор имајќи го неговото претходно искуство и како менаџер и како министер за финансии, економија и индустрија, што би можело да има важна улога во заложбите за зајакнување на конкурентноста на европската индустрија. 

Бретон беше еден од главните критичари на Фон дер Лајен поради именувањето на нејзиниот сопартиец Маркус Пипер за претставник на Еврокомисијата за мали и средни претпријатија, а големо внимание во јавноста предизвика и неговата објава на Икс по изборот Фон дер Лајен за „шпиценкандидат“ на ЕПП дека таа баш и нема целосно поддршка од партијата за реизбор на функцијата. 

Освен што повеќе не е дел на семејството на ЕПП, туку се приклони на либералниот блок и партијата Ренесанса на Макрон, како „негативна референца“ за Бретон се посочува и тоа што важи за човек што не е многу омилен во Еврокомисијата поради обидите за „дрска самопромоција“, како и тоа што „можеби има повеќе непријатели отколку пријатели во највисоките кругови на ЕУ“. Францускиот весник „Атлантико“ неодамна дури го оцени како „најлошиот француски еврокомесар во последните 30 години“, а неповолни по неговата евентуална кандидатура би можеле да бидат и контроверзите околу раководењето со француската технолошка компанија „Атос“. 

Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон се консултирал со платформите за стриминг, како Нетфликс, и побарал да внимаваат на капацитетот на мрежата поради зголемената побарувачка за инт

И шансите на Бретон за наследник на Фон дер Лајен се проценуваат на „два од пет“. 

Исти шанси за претседател на ЕК, „Политико“ дава и на кандидатот „изненадување“, посочувајќи дека преговорите и тргувањата меѓу политичките партии по изборите за водечките европски функции не ретко давале неочекувани и изненадувачки кандидати.

- Пред изборите во 2019 никој не се обложуваше дека Фон дер Лајен ќе стане претседателка на Комисијата, наведува „Политико“, додавајќи дека Брисел би можел да биде изненаден од кандидат за функцијата кој не бил споменуван во ниту една комбинација. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан