• понеделник, 23 декември 2024

Костовски: Не за насилство и не за крвавите сценарија на Мицкоски

Костовски: Не за насилство и не за крвавите сценарија на Мицкоски
Скопје, 7 јули 2022 НЕ за насилство и НЕ за крвавите сценарија на Мицкоски и неговите коалициски партнери. Целата јавност вчера виде обид за крваво сценарио во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса. За свои лични цели, Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Тоа крваво сценарио не успеа заради притисокот од јавноста и реакција на институциите. Се потврди дека се е дел од мрачните глави во ВМРО-ДПМНЕ и анти европските партии. Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на тоа мрачно, крваво сценарио. Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција. Еве ги фотографиите кои го потврдуваат сетоа ова. Ова е коалицијата на Мицкоски! Добро е што Арсовска го разреши директорот, но со тоа и самата директно потврди дека се работи за коалициски партнер и дека било договорено сценарио, кое за среќа, под притисок на јавноста пропадна. Дека станува збор за класично крваво сценарио на Мицкоски и неговите партнери Левица и Алијанса говори и самата негова прес конференција. Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери. Видете денеска како се заплеткаа од сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обивнува власта, Алијсна го обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваме Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки. А потоа да повика на итен прекин на насилството. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи некој да жртвува луѓе, да разгорува меѓуетнички тензии заради остварување на партиските интереси на Мицкоски и неговите апетити за власт. Граѓаните да останат смирени, никако да не подлегнувааат на овие опасни сценарија,  институциите да ја завршат својата работа и сите вклучени во ова крваво сценарио да одговараат пред законот. Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан