• сабота, 26 октомври 2024

Костадиновски: Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година

Костадиновски: Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска учествуваа на работен состанок со членовите на Балканскиот форум на уставни судови. 

Учесниците на состанокот, како што соопшти Уставниот суд, го разработија Статутот на организацијата, изготвија планови за структурата на Форумот, идентитетот и неговото влијание во државите, начинот на финансирање и воспоставување на контакти за координација на активностите од секој суд. 

На состанокот донесена е одлука следната годишна конференција да се одржи во Република Турција, а Република Северна Македонија да биде домаќин на Балканскиот форум на уставни судови во 2026 година. 

Учесници на состанокот беа претседатели и судии на уставните судови од Балканот  кои се членки и набљудувачи на организацијата, меѓу кои и претставници од судовите во Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово. 

Со оваа активност делегацијата од Уставниот суд на Република Северна Македонија го завршува учеството на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови.

Во рамки на одржувањето на овој настан во Приштина беше одбележан и 15 годишниот јубилеј од основањето на Уставниот суд во Косово. дма/лв/

Фото: Уставен суд

Остани поврзан