• сабота, 23 ноември 2024

Косовските фудбалски клубови почнуваат со тренинзи, Суперлигата ќе продолжи на 1 јуни

Косовските фудбалски клубови почнуваат со тренинзи, Суперлигата ќе продолжи на 1 јуни
Приштина, 18 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), во соработка со Фудбалската федерација на Косово (ФФК), донесоа одлука од денеска да им се дозволи на клубовите од косовската Суперлига да почнат со тренинзи, со цел од 1 јуни да продолжат официјалните натпревари во рамки на лигата, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на МЗ, Фаик Хоти информира дека одлуката е донесена откако косовските здравствени власти и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Косово констастираа оти епидемилошката ситуација во земјата е со намален ризик споредено со досегашната состојба. - Овие активности ќе се одвиваат согласно Препораките за вежбовни активности усогласени меѓу ФФК, МЗ и ИШПК и со почитување на Привремените препораки за спроведување на мерките за спречување на ширењето и борба против епидемијата на Ковид-19, информира Хоти. Од денеска, кога во Косово стапи во сила втората, олеснета, фаза на мерки за заштита од епидемијата на новиот коронавирус,  до 1 јуни косовските фудбалски клубови ќе можат да одржуваат тренинзи, почитувајќи ги препораките за одржување физичка дистанца и хигиена на просториите и објектите во кои ќе се одвиваат вежбовните активности. Доколку епидемиолошката ситуација дозволи, одлучија здравствените и фудбалските власти на Косово, Суперлигата ќе може да продолжи на 1 јуни. Претседателот на ФФК, Агим Адеми за порталот „koha.net “ изјави дека препораките на МЗ се остварливи за клубовите и дека очекува од нив да ги почитуваат во целост. - Треба да се придржуваме до препораките на МЗ. Тие не се неостварливи. Сите сме обврзани да се придржуваме до тие препораки, изјави Адеми. иа/ми/

Остани поврзан