Косовските државјани од 1 декември ќе можат да патуваат во Тајван без визи
- „Ова означува уште еден важен чекор во меѓународното јакнење на косовскиот пасош, каде што само во рамките на овој владејачки мандат беше овозможено патувањето без визи во Шенген зоната, Обединетите Арапски Емирати, Тајланд, Израел и сега во Тајван“, напиша Ахмети.
Приштина, 29 ноември 2024 (МИА) – Од 1 декември годинава граѓаните на Република Косово кои поседуваат редовни, дипломатски или службени пасоши ќе можат да патуваат во Тајван без визи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста, преку неговата страница на Фејсбук, попладнево ја објави заменикот министер за надворешни работи на Косово, Крешник Ахмети.
„Ова означува уште еден важен чекор во меѓународното јакнење на косовскиот пасош, каде што само во рамките на овој владејачки мандат беше овозможено патувањето без визи во Шенген зоната, Обединетите Арапски Емирати, Тајланд, Израел и сега во Тајван“, напиша Ахмети.
Според него, „оваа нова можност за слободно движење со Тајван го отвора патот за економски партнерства, образовни размени и културна соработка меѓу двете држави“.