Концерт на „БитФест“ со Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“
- Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ продолжува со концерт на Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“, уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

Битола, 3 јули 2025 (МИА) - Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ продолжува со концерт на Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“, уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.
Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.
Од „БитФест“ соопштија дека во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.
-Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел, истакна во пресртен на вечерашниот концерт, Марко Виденовиќ, автор на проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во битолскиот Офицерски дом. мт/вг/
Фото: „БитФест“