• среда, 25 декември 2024

Концептуална изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски

Концептуална изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје. Според Валентина Матовска, песната „Убавите жени“ на Блаже Конески за Славчо Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела. - Следејќи го академскиот пат на Славчо Максимовски низ мојата перцептивна призма преточена низ збор, неоспорна е забелешката за присуството на енергијата на жената, на женското тело и феминината природа во неговите дела, вели Валентина Матовска за изложбата. Славчо Максимовски е роден во 1988 година во Скопје. Во 2007 година во Скопје завршил средно уметничко училиште, насока графика. Во 2011 год. дипломирал на Факултетот за хумани науки и уметност при Универзитетот во Тетово, насока графика, во класата на проф. м-р. Нафи Јашари. Во 2018 год. магистрирал на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Сликарство во класата на проф. м-р Јован Шумковски. Се усовршувал и преку стручни престои во Франција и Шпанија. Своите ликовни дела ги изложувал во земјава и странство, на самостојни и групни изложби. Неговите ликовни дела се дел од приватни колекции во земјава, во Србија, Словенија, САД, Канада и Еквадор. Покрај сликарство и графика, неговиот интерес вклучува и фрескоживопис, едукација, дизајн и филм. Изложбата ќе биде отворена до 14 септември 2022 година. мд/дма/

Остани поврзан