Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“
- Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот комитет.
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот комитет.
Воведни обраќања ќе имаат министерот за спорт Борко Ристовски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас, претседателот на Олимписки комитет, Даниел Димевски и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски.
Како што информираат од МЦМС, конференцијата ќе отвори широка и конструктивна дискусија меѓу клучните чинители за состојбите и предизвиците поврзани со родовата еднаквост и родово базираното насилство во спортот во Северна Македонија. Ќе се презентираат и дискутираат наодите од два сеопфатни извештаи: Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија и Родово базирано насилство врз жените во спортот во Северна Македонија.
-Извештаите нудат релевантни податоци, анализа на институционалната рамка и конкретни препораки насочени кон унапредување на политиките, воспоставување ефективни механизми за заштита и зајакнување на институционалната одговорност. Наодите укажуваат дека спортот, како значаен општествен сектор, не е изолиран од структурните нееднаквости и предизвиците поврзани со родово базираното насилство, што ја нагласува потребата од координиран и системски пристап, соопшти МЦМС. рп/хс/
Фото: МЦМС