• сабота, 23 ноември 2024

Конференција „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“

Конференција „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Центарот за глобални промени, истражувачка единица на Филозофскиот факултет (УКИМ), денеска и утре во Скопје ќе се одржува меѓународната научна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“.

Како помагач во организацијата, како што соопшти Центарот за глобални промени - Филозофски факултет, учествувала Матица на иселениците од Македонија.

На конференцијата најавено е присуство на научни истражувачи од разни делови на светот, како проф. Радика Десаи од Канада, проф. Ричард Саква од Обединетото Кралство, д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината од Шведска и проф. Џанг Веивеи од Кина.

Тематските панели, како што е најавено од Центарот за глобални промени, ќе опфатат широк спектар на најургентни и најсериозни проблеми од областа на меѓународната безбедност, геополитиката и геоекономијата. дма/мд/

Фото: Центар за глобални промени - Филозофски факултет

Остани поврзан