Конференција: Конфликтот во Украина бара превенирање на последиците, ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот
- Потребно е соочување со новата реалност и развивање нови стратегии како одговор и превенирање на последиците од тектонските општествени промени кои ги предизвика руската воена агресија врз Ук

Тој смета дека руската воена агресија во Украина треба да ја разбуди ЕУ, го обедини НАТО, но воедно треба да одговори каде ќе се движи ЕУ во следниот период. Ние, вели, стоиме зад нашите сојузници како граѓани, како држава, и го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет.

-Затоа не треба да постои дилема на избор на една или друга страна во војната во Украина, затоа што нема страни. Постои територија која е нападната од страна на Руската Федерација, каде имаме нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет. Ова треба дополнително да го разбуди солидаризмот, солидарната нишка основата на која е формирана ЕУ и сметам дека пред нас претстои исклучително тешка зима како резултат на недостиг на енергенси и скапиот животен стандард како недостиг на храната, нагласува Ѓуровски.
Тоа што нашата држава беше приморана дел од енергетските ресурси да ги набави од нашиот северен сосед, а тоа е Република Србија, според него, е пораз на идејата на ЕУ и смета дека е потребен стратешки пристап на ЕУ, на ЕК, на земјите од Западен Балкан, вклучително и нашата држава, да се понудат конкретни решенија затоа што за еден период од година - две повторно ни се повторува да самата ЕУ не се снаоѓа во справувањето особено со економските последици.
-ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот, и верувам дека првиот човек на ЕК во пакетот што ќе го понуди на Балканот, ќе бидат конкретни економски бројки, поддршка финансиска и во енергенси, затоа што на овој начин со одложувањето на процесот на преговорите, немање на сериозна финансиска поддршка за земјите од регионот, а со земањето на енергенси, пред две години земањето на вакцини од северот која е отворена врата на руското и кинеското влијание на Балканот, апсолутно доаѓа до различни влијанија и евроскептицизам кај македонските граѓани, потенцира Ѓуровски.
Тој посочува и дека има значајна промена на јавното мислење и поддршка на европскиот пат на земјата потврдено во испитувањата на јавното мислење и ако мината година македонските граѓани имаа дилема во однос на политиката на Руската Федерација, поддршката на Кина, сега, вели, некаде над 15 проценти од испитаниците се изјаснуваат дека Русија е непријателска држава.
-Со тоа што економската безбедност е доведена под сериозно прашање, поради недостиг на енергенси, индиректно влијае и на генералната безбедносна состојба. Не очекувам голема конвенционална војна со употреба на тешко вооружување на Балканот, затоа што отворените прашања како БиХ, Косово, односите со Србија, враќањето на големиот хегемон на Балканот, може да претставуваат одредена политичка злоупотреба и безбедносна дестабилизација до одредени рамки, но се разбира истите може да бидат контролирани. И затоа е нужно потребно финансиска инјекција и дополнително вложување од ЕУ со енергенси, подвлекува Ѓуровски. Претставникот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во земјава Даниел Браун истакна дека ова прашање е важно за цела Европа, за Германија како и за Северна Македонија.
