Конференција за зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество
- Конференција на тема „Низ призмата на младинската работа – Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Коалиција на младински организации СЕГА.

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Конференција на тема „Низ призмата на младинската работа – Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Коалиција на младински организации СЕГА.
На настанот, како што соопштуваат од СЕГА, ќе се споделат добри практики од пилотирање на методологии за поттикнување на младинското учество и граѓанскиот активизам помеѓу младите и ќе се споделат два иновативни прирачници (DigyPAC и MOLA) кои користат офлајн и онлајн методи и алатки за обуки со млади кои можат да се пилотираат во формални и неформални образовни поставки.
Методологиите се развиени во рамките на европскиот проект ACTIon, кој е финансиран и поддржан од Европската комисија преку програмата Еразмус+, Клучна акција 3, во партнерство со организации од Македонија, Германија, Бугарија, Грција и Белгија.
На конференцијата најавено е учество на наставници и стручни соработници од основни и средни училишта, како и претставници на невладини организации, младински работници и службеници на млади од општините и од институциите. дма/вг/
Фото: Лого