• петок, 08 ноември 2024

Контроли на УЈП на настани на отворено

Контроли на УЈП на настани на отворено

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Мобилните екипи на Управата за јавни приходи и викендов продолжуваат со редовните контроли за фискализација, особено на местата каде што се одржуваат настани на отворено, како што се Виница и Свети Николе.

-Трговците и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно, плаќањата го вршат во готово (готовински плаќања), треба да користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет.  Без разлика дали се ДДВ обврзник, ако вршат промет на добра или услуги во готово, должни се да воведат и употребуваат фискален апарат, се вели во денешното соопштение од УЈП.

Оттаму ги потсетуваат и физичките лица, да се  усогласат со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД) , односно да поднесат Барање за  паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен (сезонски) карактер, во подрачната единица на УЈП.

Воедно апелираат претходно да го имаат запазено условот за користење на градскиот простор, односно да имаат дозвола од Општината. На основ поднесеното барање УЈП ќе им издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налог за плаќање на данокот. сст/sa/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан