• вторник, 24 декември 2024

Контроверзниот малтешки гасовод „ТрансГас“ вклучен на Листата на проекти од заеднички интерес на ЕК  

Контроверзниот малтешки гасовод „ТрансГас“ вклучен на Листата на проекти од заеднички интерес на ЕК  

Брисел, 2 ноември 2023 (МИА) – Европската комисија донесе одлука да го вклучи малтешки гасовод „ТрансГас“ на нејзината Листа на проекти од заеднички интерес (ПЦИ) и покрај контроверзите околу неговата исплатливост, влијанието врз животната средина и сомнежите за поврзаност со корупција и убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. 

Со ваквата одлука на ЕК, како што објави „Еурактив“ кој имал увид во листата што треба да биде објавена во текот на овој месец, изградбата на „ТрансГас“ со кој Малта треба да се поврзе со гасоводниот систем на Сицилија, ќе може да биде финансирана со средства од Буџетот на ЕУ. Се проценува дека изградбата на гасоводот ќе чини околу 400 милиони евра, за што Владата на Малта одамна бара помош од ЕК. 

„ТрансГас“ треба да ја снабдува со гас електраната „Делимара“, со која менаџира компанијата „Електрогас“, која пак е предмет на истраги за перење пари и корупција. Дополнително, еден од сопствениците „Електрогас“, Јорген Фенех е во притвор во очекување на судскиот процес за вмешаност во убиството на Каруана Галиција. 

Шефот на малтешката полиција Анџело Гафа, по апсењето на уште две лица, потврди дека досега биле приведени сите лица кои на кој било начин биле вмешани во убиството на малтешката новинарка Да

Од друга страна, според Правилата на ЕУ за трансевропски енергетски мрежи (ТЕН-Е) финансирање со средства на Унијата се предвидува само за проекти од обновливи извори и за интерконекции за електрична енергија, но за „ТрансГас“ и за еден кипарски гасовод е направена отстапка и тие се вклучени на новата Листа на ПЦИ на ЕК.  

Според директорката на невладината организација Акција за храна и вода во Европа (ФВАЕ), Фрида Кинингер, со ваквата одлука се дерогираат Правилата за трансевропски енергетски мрежи, бидејќи се овозможува финансирање на проекти со класични фосилни горива.  

- Земјите членки на ЕУ треба да бидат сериозни во врска со праведната транзиција, а најмалку што им треба на нашите џебови и на глобалната клима е уште еден сосема нов инфраструктурен проект на фосилни горива, оцени Кинингер.

Од вторник до четврток следната недела, односно од 27 до 29 октомври годинава, преку гасоводот ќе се транспортираат ограничени количини на природен гас кон корисниците, најави денска АД ГА-МА

Од друга страна, Владата на Малта тврди дека гасоводот во иднина ќе се користи за производство на еколошка енергија од водород и одвои средства од Буџетот за изработка на стратегија за локална употреба на водородот, иако засега неговото комерцијално користење не е возможно и нема гаранции дека ќе биде можно во иднина.   

Против вклучувањето на „ТрансГас“ на Листата на Проекти од заеднички интерес се изјаснија и повеќе европратеници и невладини еколошки организации, но и семејството на Каруана Галиција, поради поврзаноста на Фенех со проектот. 

Во 2013 година, конзорциум на компании, предводени од „Електрогас“ и азербејџанското државно енергетско претпријатие „СОКАР“, склучија договор со Владата на Малта за изградба на гасоводот. Фенех иницираше сличен проект и во 2007 година, но тогаш не успеа да постигне договор со властите. 

Малтешката полицијата го сослуша поранешниот премиер Џозеф Мускат за сведочењето на бизнисменот Јорген Фенех, човекот за кој се верува дека стои зад убиството на истражувачката новинарка Дафн

Договорот за „ТрансГас“ од страна на известувачот на Советот на Европа, Питер Омцигт беше оценет како „погубен“, а како „виновници“ за неговото склучување беа посочени тогашниот малтешки министер за енергија и заштита на водите Конрад Мици и шефот на Кабинетот на премиерот Џозеф Мускат, Кит Шембри. 

Малтешки истражувачки новинари, меѓу кои и Каруана Галиција, подоцна открија дека со договорот се предвидува државната енергетска компанија „Енемалта“ да плаќа значително повисока цена за природниот гас од пазарната, со што „СОКАР“ би остварил најмалку 40 милиони долари профит, како и дека Фенех требало да исплаќа по 150.000 евра месечно на офшор компании во сопственост на Мици и Шембри. Дополнително, согласно договорот, Малта за испорака на гасот би и плаќала на „Електрогас“, дури и ако енергенсот го испорачува некоја друга компанија, со што фирмата во која е акционер е Фенех би заработила и до 85 милиони евра. Каруана Галиција беше убиена во момент кога работеше на истражувачка сторија за договорот со „Електрогас“ и вмешаноста на Фенех во целиот случај. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан