• сабота, 20 јули 2024

Конституиран новиот Совет на Општина Берово

Конституиран новиот Совет на Општина Берово
Берово, 1 ноември 2021 (МИА) - Денеска беше конституиран новиот Совет на Општина Берово. Со конститутивната седница која воедно беше и прва седница на новоизбраните советници раководеше претседателот на претходниот Совет, Јован Матеничарски, кој во присуство на градоначалникот Звонко Пекевски претседаваше по 5 точки предвидени во рамки на Дневниот ред. За нов претседател Советот со мнозинство гласови беше избран Стево Суџуковиќ, кој во своето обраќање се заблагодари за укажаната доверба од страна на сите советници. - Во следните четири години, очекувам успешна соработка, заедничка поддршка и реализација на многу проекти за Берово, рече Суџуковиќ. Градоначалникот Пекевски, од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честиташе мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа. Во рамки на денешниот Дневен ред советниците го усвоија предлог решението за определување претставници од членовите на Советот на Општина Берово во постапката за склучување на бракови. Поради мерките за заштита од Ковид-19 денешната конститутивна седница на новиот беровски Совет се одржа во дворот на градинката „23 август“. вс/сп/

Остани поврзан