• среда, 27 ноември 2024

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во општина Ѓорче Петров

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во општина Ѓорче Петров

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје утрово информира дека во текот на вчерашниот ден, била извршена замена на оштетените корпи, наменети за одлагање ситни отпадоци во општина Ѓорче Петров.

Замената била спроведена на повеќе локации во централниот дел на општината, каде на местото на оштетените корпи биле поставени сосема нови садови.

- Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје врши празнење на вкупно 2.300 корпи наменети за одлагање ситни отпадоци, поставени на територијата на сите скопски општини, се додава во соопштението на претпријатието. бд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан