• сабота, 23 ноември 2024

Компаниите во ТИРЗ немаат проблем со потребните количини гас, овој месец најавени три нови инвестиции

Компаниите во ТИРЗ немаат проблем со потребните количини гас, овој месец најавени три нови инвестиции
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Засега нема никакви индикации дека постои ризик или некаков проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). И поради скапата струја моментно нема најави за евентуално намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените. Напротив, како што рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, компаниите имаат потреба од нови работни места, а за овој месец се најавени и три нови инвестиции. -Со поголем дел од постојните инвеститори, со повеќе од половината кои се во земјава подолго време, сме склучиле договори за нови капацитети. Овој месец се најавени и три нови инвестиции кои посебно ќе бидат презентирани. Компаниите кои оперираат во зоните три или повеќе години, сериозно размислуваат не само да ја зголемат инвестицијата, туку и зголемувањето да биде многу поголемо од иницијалното вложување. Тоа покажува дека очигледно деловната клима кај нас е поволна, а членството во НАТО  сметам дека игра голема улога, во привлекувањето нови проекти на компаниите, истакна Деспотовски на брифинг со новинарите. Тој напомена дека бројот на вработени во зоните од почетокот на годинава досега е зголемен за 12 проценти. мч/бак/

Остани поврзан