• среда, 25 декември 2024

Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава

Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава
Белград, 21 ноември 2020 (МИА) - Во Храмот „Свети Сава“ во Белград започна комеморацијата за покојниот српски патријарх Иринеј. Ковчегот со телото на патријархот Иринеј беше пренесен од Соборниот храм во црквата „Свети Сава“ на Врачар од страна на припадници на Српската армиска гарда и архиереите на Српската православна црква. Пренесување во Храмот беше пропратено со колона возила, но без придружба на граѓани поради епидемиолошките мерки. Во Храмот ковчегот беше пречекан од свештенството на белградско-карловачката Архиепископија. По комеморацијата, верниците ќе можат да му оддадат почит на поглаварот на Српската православна црква, а во текот на денот и ноќта белградските свештеници ќе го читаат Светото евангелие. Во согласност со препораките на Кризниот штаб и сите епидемиолошки мерки, нема да биде можно да се бакнува телото на патријархот. Ковчегот е целосно затворен, а горниот дел е покриен со стакло. Граѓаните ќе можат да влезат на западната страна на храмот на централниот влез и да дојдат на неколку метри од телото, да се поклонат и да излезат. Литургијата за упокојување започнува утре во 9 часот и ќе се одржи во централниот дел на храмот каде што ќе биде изложено телото на патријархот. Патријархот Иринеј ќе биде погребан утре во криптата на црквата „Свети Сава“ по литургијата. паг/  

Остани поврзан