• среда, 25 декември 2024

Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво

Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво

Софија, 29 мај 2024 (МИА) – Бугарската нуклеарна централа Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво, најави извршниот директор на компанијата Валентин Николов.

Тој прецизираше дека расположливото руско гориво ќе се користи како резерва.

Николов посочи дека цената на американското гориво е слична на онаа на рускиот гориво.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите со француски Франатом за нуклеарното гориво за шестиот блок од Козлодуј. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан