• сабота, 23 ноември 2024

Ковачки: Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе

Ковачки: Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе
Скопје, 17 јануари 2021  СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборуваат како имаат стабилно мнозинство. Ова ли е тоа стабилно мнозинство? Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, нестабилни и нефункционални. Старо-новата Влада од истрошени и компромитирани кадри на чело со пиунот Ковачевски, нема никаков легитимитет, капацитет и авторитет да ја води, а уште помалку да ја извади државата од вкупно 4-те прогласени кризни состојби на територија на Македонија, како и од блокадата на нашиот пат кон ЕУ. За 4-те кризни состојби и генерално лошата состојба во државата, одговорност има и денешниот нов премиер, кој како досегашен заменик министер за финансии и близок соработник на Зоран Заев, учествувал во креирањето на погрешните политики кои во последните 5 години направија пустош на полето на економијата, образованието, здравството, а кризниот менаџмент го сведоа на имровизации. Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста. Во делот на капацитетот, погледнете го составот на Владата и ќе видите дека СДСМ, бега од клучните ресори на кои во моментов паѓа најголемиот товар во менаџирањето со кризите. Енергетската криза ќе ни ја менаџираат кадри на ДУИ и на Алтернатива, здравствената ќе ни ја менаџира кадар на Алтернатива,а со блокадата во ЕУ интеграциите продолжува да менаџира Бујар Османи. СДСМ знае дека на сите овие полиња потфрлиле и затоа бегаат. Главната алка во кризниот менаџмент, односно Дирекцијата за заштита и спасување, продолжува да ја води ДУИ. Со бегањето на СДСМ од клучните ресори, менторот Заев кој што ја состави Владата, на многу перфиден начин преку пионот Ковачевски се обидува да ја поларизира состојбата и да ја втурне државата во дополнителна неизвесност. Оваа Влада има за цел да го заштити Заев и неговите криминали, затоа Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи. Оливер Спасовски кој веќе 7-ма година го води МВР, наместо да се бори со криминалот и насилството, тој институционално ги практикува и двете. Тој дозволи името на Вице Заев да исчезне од кривична пријава за рекет во РЕК Битола, тој не го повика Трајче Заев на информативен разговор кога неговиот шофер беше фатен во шверц на дрога, тој е кумот на издавањето 215 пасоши на белосветски криминалци. А неговиот шеф на кабинет и најблиска соработничка која учествуваше во сите овие процеси, г-ѓата Славјанка Петровска, сега треба да ја води одбраната. Љупчо Николовски кој ги уништи тутунарите со дозволувањето на увоз на тутун, а додека беше вицепремиер се прослави со заплената на една кутија путер не е ништо друго туку продолжена рака на Заев и мафијата. Евроинтеграциите ќе ги води Маричиќ, кој уште не разреши кој прислушкуваше во ЈО, кој вршеше притисоци врз судии и обвинители и кој нема ниту една успешна реформа. Со министерството за транспорт и врски ќе раководи Благој Бочварски, кој никој не знае дека е министер, зошто ништо нема направено. Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне. Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан