• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ (ДПЛ)

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ (ДПЛ)

Струга, 15 јуни 2023 (МИА) - Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. Со тоа покажавме применлив и функционален пример за решавање на кризи што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред кои што се исправени и регионот и Европа денес.

Ова вечерва од Струга го порача премиерот Димитар Ковачевски на официјалната сесија за отворање „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“ на Преспа форумот за дијалог.

Ковачевски оцени дека одржливи решенија се постигнуваат на маса каде што се води дијалог, меѓу лидери кои имаат политичка волја да се разберат и во името на доброто на својот народ и на својата држава. 

-Земјите-членки на ЕУ, на НАТО, САД, во Северна Македонија денес гледаат како фактор на стабилност и безбедност во Европа. Поради сето тоа, денес реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ, нагласи тој.

Ковачевски истакна дека Северна Македонија покажа дека ниту еден искрен напор не е залуден.

-И кога велам дека постои доказ, тогаш најдобар доказ е Договорот од Преспа, којшто пред пет години беше решение за билатерален спор а денес е модел за перспективи за иднината, рече вечерва Ковачевски.

Ако погледнеме на билатерален план, додаде Ковачевски, Северена Македонија доби
во Грција еден од најгласните поддржувачи на европските перспективи.

Me marrëveshjen e Prespës dhe të gjithë hapat e mëpasshëm deri më sot, ne kemi ripërtërirë besimin në diplomaci, duke promovuar dialogun e hapur si përfitim. Me këtë treguam një shembull të z

-Долгогодишниот мраз кој се чинеше нестоплив е скршен - дури напротив, македонско – грчките односи одат во нагорна линија и довербата меѓу државите е најголема досега. Конкретен доказ е нашата соработка во областа на енергетиката. Процедурите се во тек и до крајот на годината започнува изградба на нов гасовод меѓу Северна Македонија и Грција, што ќе биде поврзан со новиот терминал во Алесандруполи, Грција. Овој гасовод и овој терминал нема да бидат само за Грција и Северна Македонија, тие ќе бидат и за Косово, ќе бидат и за Србија, ќе бидат за земјите на север, ќе бидат и за Црна Гора и за Албанија и за сите кои сакаат да се
приклучат, рече тој.

Ковачевски оцени дека успехот не е во тоа да се стави крај на предизвиците - во регионот, во Европа, во светот и оти е нереално е да се очекува да се стави крај на предизвици, бидејќи предизвици секогаш постоеле, постојат и ќе постојат, затоа што, вели, на нив е поставен развојот.

- Успехот е во тоа да умееме сите заедно предизвиците да ги претвориме во можности и да продолжиме по патот на напредокот. Северна Македонија, во таа насока е пред нов предизвик, кога треба сите во државата да покажеме одговорност за европската иднина на државата и по членството на НАТО, да станеме членка на ЕУ. И јас сум убеден и работам на тоа да се израдуваме со успех. Го имаме најдобриот договор со ЕУ кој може да го добиеме, што ги штити нашите македонски идентитетски обележја, нашиот јазик, нашата култура, нашиот идентитет, со којшто никој не смее да се коцка, нагласи тој.

Тој додаде дека Европската Унија отсекогаш му била потребна на Западен Балкан, но денес, вели, и Западен Балкан ѝ е потребен на ЕУ, посебно ако се земат предвид новите геополитички и безбедносни случувања.

- И ова е момент што нашата држава не смее да го пропушти и секој кој е одговорен не смее да дозволи оваа шанса да се пропушти, порача Ковачевски.

Потсети дека Северна Македонија веднаш и ефикасно се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина и тоа потсети што значи да сме обединети во демократските вредности.

-Другата опција е нестабилност, ризици и конфликти коишто во денешното време на хибридни закани, дезинформации и лажни вести се заканува на европскиот и на светскиот мир и тоа е мора да е јасно за сите и кај нас дома и во регионот и во Европа. Имаме обврска да покажеме одговорност кон сопствената улога во зачувувањето на мирот во Европа. И да ја зграбиме својата заслужена шанса. Затоа што географски, културолошки, историски припаѓаме на Европа. Затоа што нашите граѓани заслужуваат европски квалитет на живот. Затоа што нашите млади заслужуваат да им се оствари сонот да живеат во Европа, а тоа да биде нивната родна земја, заклучи Ковачевски на панелот „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“ на Преспа форумот за дијалог во Струга. нд/цр

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Видео :  Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан