• среда, 25 декември 2024

Ковачевски очекува догодина да почне изградба на уште една 10-мегаватна соларна централа во Осломеј

Ковачевски очекува догодина да почне изградба на уште една 10-мегаватна соларна централа во Осломеј
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Пред почнување со градба се фотонапонските централи по пат на јавно-приватно партнерство со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати, а во 2023 година очекувам да почне со градба и уште една 10 мегаватна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски кој присуствуваше на настан по повод новата опрема во АД МЕПСО, истакна дека идниот месец во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции во оваа област. Во ЕСМ, истакна премиерот, се финализираат и други проекти за изградба на фотонапонски централи во РЕК Битола, со капацитет помеѓу 200 и 300 мегавати, а во наредните две години треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кои се потпишани договори во изминатите две години. Во мандатот на Владата, напомена Ковачевски, веќе се инсталирани 27 мегавати фотоволтаични централи во државата повеќе отколку што вкупно беа инсталирани за 11 години. -Владата е силно фокусирана на инвестициите во енергетскиот сектор кои ќе ја зголемат енергетската транзиција и независност. Следниот месец, во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции, тие што беа прогласени во текот на претходните години. И тоа за ветерниот парк „Вирови“, од страна на германската компанија „Ви-Пи-Ди“, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, „СТИПИОН“ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија „Акио“. Неодамна почна со работа новата 17 МW соларна електрана, инвестиција која оваа Влада ја обезбеди на компанијата од Словенија „Ген-И“. Станува збор за најголемата фотоволтаична електрана во земјата, лоцирана во Свети Николе, рече Ковачевски. Преку концептот на Стратешки инвестиции, додаде, се обезбедени над 1 000 мегавати во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании. -Го поддржуваме Европскиот зелен договор за одржлива економија кој подразбира претворање на климатските и еколошки предизвици во можности и придобивки за државата и за граѓаните. На локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ веќе работи фотонапонската електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ. Тоа е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија, во регионот, подвлече Ковачевски. мч/лв/  

Остани поврзан