• сабота, 21 декември 2024

Ковачевски не очекува нова политичка криза, изборите ќе се организираат според изборен законик усогласен со сите партии

Ковачевски не очекува нова политичка криза, изборите ќе се организираат според изборен законик усогласен со сите партии

Охрид, 2 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии.

-Откако изборниот законик ќе биде изработен од Министерството за правда ќе биде доставен до Парламентот, каде сите политички партии и оние кои не учествуваат од опозицијата ќе можат да дадат свој придонес во неговата финална реализација преку парламентарната расправа, изјави Ковачевски.

Изборите, нагласи, ќе бидат договорени во рамки на нивните законски термини и претседателските и парламентарните избори, притоа почитувајќи го и правото на граѓаните на Северна Македонија. Без разлика на нивната вероисповед да биде испочитувана и можноста да ги прослават и рамазанските и велигденските празници со своите семејства и тој период да не биде оптоварен со избори. сс/аб/

Фото: Влада

Остани поврзан