• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард

Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил. Тој напомена дека сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина. - Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност! За многу кратко време, од 4,25 минимални плати кои беа потребни во 2016 да се покрие потрошувачката кошничка, денес стигнавме до момент кога со 2 минимални плати се покрива целата потрошувачка кошничка. Нам како Влада ни е најважно сега, во услови на криза, секој денар од буџетот ефикасно да го користиме и да го пренасочиме кон граѓаните и стопанството, пишува Ковачевски. Во таа насока, како што потенцира премиерот, ќе продолжат посветено да работат и на зголемувањето на пензиите. бт/сп/

Остани поврзан