Клоп: Салах е најверниот Египќанец што сум го сретнал во животот
- Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави што мисли за напаѓачот Мохамед Салах, кој се врати во клубот од египетската репрезентација поради оштетување на мускулите на тетивата.
Ливерпул, 25 јануари 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави што мисли за напаѓачот Мохамед Салах, кој се врати во клубот од египетската репрезентација поради оштетување на мускулите на тетивата.
- Ако некој се сомнева во посветеноста на Мо Салах, мислам дека треба да си постави неколку прашања. Тој е најверниот Египќанец што сум го сретнал во животот, ја пренесува изјавата на Клоп, новинарот Фабрицио Романо.
Салах се повреди на натпреварот за репрезентацијата на Египет против Гана (2:2) на Африканскиот куп.
Претходно египетската фудбалска федерација објави дека 31-годишниот напаѓач ќе пропушти два од натпреварите на тимот на турнирот поради повреда. Подоцна се дозна дека Салах се враќа во Ливерпул за да оди на рехабилитација. зс/
Фото: ЕПА