• среда, 25 декември 2024

Клинт Иствуд тужи повеќе компании поради реклама за производи од канабис

Клинт Иствуд тужи повеќе компании поради реклама за производи од канабис
Лос Анџелес, 23 јули 2020 (МИА) - Познатиот глумец и режисер Клинт Иствуд поднесе тужба против повеќе американски компании за канабидиол како додаток во исхраната. Тие, наводно, го злоупотребиле името на холивудската ѕвезда и ликот во маркетинг-цели без негова согласност. Канабидиолот е хемиска супстанција која се добива од марихуана, а често се продава како додаток во исхраната, но и во креми за мачкање и лековити масти. Во две тужби поднесени во Федералниот суд во Лос Анџелес, Калифорнија, САД, меѓу другото, се вели дека компаниите стојат зад написи во коишто лажно се тврди дека 90-годишниот Иствуд ја напушта филмската индустрија за да се посвети на работни места поврзани со инустријата за канабидиол. Исто така, се наведува дека Иствуд не учествува на кој било начин во производство, продажба или промоција на канабидиол. Како компензација, како што јавуваат западните медиуми, тој бара „повеќе милиони долари“ од скоро 20 помали компании од повеќе американски сојузни држави. Во тужбите се опфатени уште 60 правни лица чијшто идентитет сè уште не е објавен.  си/

Остани поврзан