• вторник, 24 декември 2024

Кирјос: За мене многу не менува победа или пораз на УС Опен

Кирјос: За мене многу не менува победа или пораз на УС Опен
Њујорк, 29 август 2022 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос не е многу засегнат каков успех ќе постигне на Грен слемот УС Опен. - Победа или пораз не менува ништо за мене. Ако го изгубам натпреварот, можам да си одам дома. Ако победам, ќе заработам повеќе пари и ќе направам уште еден одличен резултат. Толку многу нешта се случуваат дома. Брат ми има бебе, мајка ми е болна. Тешко е да се биде далеку од нив. И колку подолго сум на пат, толку повеќе ме оптоварува. Само сакам да си одам дома, но знам дека сега ќе има важен турнир, па се трудам да не мислам на проблемите. Голем дел од мене сака УС Опен да заврши за да можам да си одам дома. По Вимблдон, немав ни време да уживам во резултатот, веднаш отидов во Атланта. Таму ја освоив титулата во парови и исто така не можев да уживам - веднаш отидов во Вашингтон. Следуваше турнир во Монтреал. Најмногу од тенисерите можат по турнирите да одат до дома, додека за Австралијците тоа е потешко и затоа тие разбираат каква е оваа носталгија, изјави Кирјос. Во првото коло на Отворентото првенство на САД, Кирјос утре ќе се соочи со својот сонародник Танаси Кокинакис. зс/

Остани поврзан