• среда, 27 ноември 2024

Кирил Лазаров: Мобилизирање на сите стопански чинители во државата за нова економија прилагодена на пописната статистика

Кирил Лазаров: Мобилизирање на сите стопански чинители во државата за нова економија прилагодена на пописната статистика
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Потребно е мобилизирање на сите стопански и бизнис чинители во државата за нова економија прилагодена на пописната статистика, апелира Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора. - Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало. Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе. 100 000 стари жители повеќе и околу 200 000 млади луѓе помалку е вистинската главоболка и огромен предизвик по националната безбедност и економската одржливост на државата. Ни треба развој и нов почеток, вели Лазаров во пиашана реакција на објавените резултати од пописот. Според него, како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и Уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Македонци или Албанци, православни или муслимани. - Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила. Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата, посочува претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров. вг/сп/

Остани поврзан