Кинеското летало „Шенжу-19“ се спои со кинеската вселенска станица
- На вселенскиот брод има тројца астронаути меѓу кои и една жена. Тие слетаа на Вселенската станица „Тијангонг („Небесна палата“) во 4:00 часот по македонско време.

Пекинг, 30 октомври 2024 (МИА) - Кинеското вселенско летало „Шенжу-19“ („Божествен брод 19“) денеска се прикачи на кинеската вселенска станица во Земјината Орбита, пренесоа светските агенции.
На вселенскиот брод има тројца астронаути меѓу кои и една жена. Тие непречено слетаа на Вселенската станица „Тијангонг („Небесна палата“) во 4:00 часот по македонско време.
Со ова, Кина станува вселенска сила, со свое вселенско летало со екипаж во Космосот.
Главната цел на оваа азиска држава е со свое летало да слета на Месечината во догледно време, пренесуваат западни медиуми. Исто така, наводно, се планира и изградба на нова меѓународна научноистражувачка база на природниот сателит на Земјата. си/ссм/
Фото: МИА архива