• вторник, 24 декември 2024

Кина ги повика сите страни на воздржаност и решавање на украинското прашање преку дијалог

Кина ги повика сите страни на воздржаност и решавање на украинското прашање преку дијалог
Пекинг, 23 февруари 2022 (МИА) - Кина ги повикува сите страни вклучени во украинското прашање да покажат воздржаност, да ги намалат тензиите и да ги решат разликите преку дијалог и преговори. Ова го изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, на брифинг со новинарите, пренесува Ксинхуа.
Тој посочи дека Кина го следи развојот на ситуацијата во Украина и дека позицијата на Пекинг по тоа прашање е конзистентна, нагласувајќи дека „легитимната загриженост за безбедноста на сите земји треба да се почитува“, а „целите и принципите на Повелбата на ОН да се земат предвид“. Оценувајќи дека развојот на украинското прашање е „тесно поврзан со доцнењето во спроведувањето на договорот Минск 2“ и дека „ситуацијата во Украина се влошува“, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи нагласи дека Кина „уште еднаш ги повикува сите страни да покажат воздржаност“, „да доведат до деескалација на ситуацијата преку дијалог и преговори“ и „да се решат разликите“. паг/    

Остани поврзан