• недела, 21 јули 2024

Ким Јо-џонг и се закани на Јужна Кореја

Ким Јо-џонг и се закани на Јужна Кореја

Пјонгјанг, 9 јули 2024 (МИА) – Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо-џонг и се закани на Јужна Кореја ако продолжи со понатамошни провокации. Нејзината закана уследи по неодамнешните јужнокорејски воени вежби со боево гаѓање.

Јужна Кореја изврши воена вежби со боево гаѓање во близина на нејзините копнени и поморски граници со Северна Кореја. Тоа беа први вежби од таков вид откако Сеул во јуни го суспендираше договорот со Пјонгјанг од 2018 година, чија цел беше да се смират тензиите.

- Прашањето е зошто непријателот почна воени вежби во близина на границата. Таква самоубиствена хистерија, поради која ќе мора да претрпат страшна катастрофа, изјави Ким Јо-џонг.

Таа ја обвини конзервативната Влада на Јужна Кореја дека намерно ги ескалира тензиите како начин да се избегне внатрешна политичка криза.

Според неа ризичноста на јужнокорејските вежби им е јасна на сите, особено што следеа откако САД, Јужна Кореја и Јапонија неодамна одржаа нова трилатерална воена вежба, која Северна Кореја ја оцени како безбедносна закана.

- Во случај тие да бидат оценети, според нашите критериуми, дека го нарушиле суверенитетот и извршиле чин што значи објава на војна, нашите вооружени сили веднаш ќе ја извршат својата мисија и должност според Уставот, изјави Ким Јо-џонг, без да наведе детали.

Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување, Ку Бјонгсам, изјавите на сестрата на севернокорејскиот лидер ги опиша како обид да предизвика внатрешни поделби во Јужна Кореја. Тој рече дека Пјонгјанг мора прво да ги погледне сопствените кршења на човековите права и меѓународната изолација предизвикана од нуклеарната програма. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан