• сабота, 23 ноември 2024

Киев тврди дека контролира 1000 квадратни километри од руската област Курск

Киев тврди дека контролира 1000 квадратни километри од руската област Курск

Киев, 12 август 2024 (МИА) - Главниот командант на украинската армија, генерал-полковник Олександр Сирски, изјави дека Киев контролира околу 1000 квадратни километри од руската област Курск, што е првиот негов коментар за неочекуваното пробивање преку границата.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави на својот канал на „Телеграм“ видео извадок од извештајот на Сирски. Зеленски изјави дека наредил изготвување на „хуманитарен план“ за регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан