• сабота, 23 ноември 2024

Кецбаја доби отказ на кипарската клупа

Кецбаја доби отказ на кипарската клупа

 

Никозија, 13 септември 2024 (МИА) – Грузискиот фудбалски стручњак Темур Кецбаја (56) повеќе не е селектор на кипарската фудбалска репрезентација, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Кипар.

Претседателот на Кипарскиот фудбалски сојуз, Јоргос Коумас, го пофали Кецбаја за неговата „професионалност, сериозност и докажана љубов“ кон националниот тим, откако на денешниот состанокот во петокот прифати дека неговото заминување е „драстична промена“ која најверојатно е потребна.

„За жал, ниту Кецбаја ниту Федерацијата не можеа да ги постигнат посакуваните резултати со оваа соработка“, додаде тој.

Грузиецот го предводеше Кипар на 20 натпревари, при што оствари шест победи, две нерешени и 13 порази со гол-разлика 19-49.

Поранешен играч од средниот ред на Њукасл Јунајтед, Вулверхемптон и АЕК Атина, во својата тренерска кариера ги водеше и Олимпијакос, Грузија, АЕК Атина, АПОЕЛ и Анортозис. На клупата на Кипар седеше од јуни 2022 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан